Федерацијата на агенциите предупредува: Не плаќајте за вработување во странство

Националната федерација на агенции за вработување (НФАПВ) денеска упати предупредување да бидат внимателни сите што сакаат да дојдат до работно место во странство преку некоја агенција. Заинтересираните за работа не треба да плаќаат на агенциите, бидејќи агенцијата за постапката треба да им наплати на работодавачите. Затоа кандидатите да не прифаќаат плаќање на било какви провизии и трошоци, пред или по заминување на работа во странство, предупредува НФАПВ.

Федерацијата на агенциите предупредува: Не плаќајте за вработување во странство

 

„Во врска со последните случувања со одредени агенции за посредување при вработување за кои постојат информации за измама на кандидати за вработување во странство, сакаме на целата јавност да и упатиме јасен апел да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство. Имено, според член 22, став 1 точка 4 од Законот за работни односи, и според Меѓународната Конвенција 181 за Приватните агенции за вработување, што Македонија ја има ратификувано, агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување. Сите трошоци за вработување на лицата треба да се наплатат од компанијата/клиентот кадешто ќе се вработат лицата“, се вели во соопштението од националната федерација на агенции за вработување.

 

повеќе.. http://sky.mk/biznis/495371-federacijata-na-agenciite-predupreduva-ne-plakjajte-za-vrabotuvanje-vo-stranstvo