Хакер има податоци како да се добие гарантирана добивка - сè ќе објави на интернет

Руски хакер бара компанија што произведува слот машини да му плати за да не објави на интернет како да се дојде до загарантирана добивка на апаратите за игри на среќа, пренесе Руска реч.

Хакер има податоци како да се добие гарантирана добивка - сè ќе објави на интернет

 

Руски хакер со прекар „Алекс“ го откри принципот на работа на слот машините.

Алгоритамот на работа на „еднораките бандити“ хакерот го проучувал преку анализа на видео снимки, направени во сали за играње.

Русинот има податоци како да се добие гарантирана добивка и побара производителот на слот машини, компанијата Aristocrat Leisure, да ги откупи од него, соопштува „Федералната новинска агенција“. Во случај да биде одбиен, хакерот се заканува дека ќе го објави дешифрирањето на интернет.

Се прецизира дека хакерот дипломирал на академијата на ФСБ, пренесува „Известија“.

ПРЕБАРАЈ