СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, долговите се намалуваат

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со граѓаните дури и за верски празник. Долговите се намалуваат, а ВМРО-ДПМНЕ свесно меша издавање на државни хартии од вредност и промени на девизните резерви – велат од СДСМ.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, долговите се намалуваат

 

„Станува збор за редовна плакса за плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Таков пример и со враќањето на кредитот од 2012 година од Дојче Банка тежок 77.3 милиони евра.
Во периодот од 2008 до 2016 година ВМРО-ДПМНЕ долгот го зголеми од 1,8 милијарди евра на 4,7 милијарди евра што е огромно зголемување за три пати.

Владата предводена од СДСМ работи на стабилизација на јавниот долг, на ефкасно управување со јавните финансии и во тој контекст долгот се намалува за прв пат после неколку години,

Со домаќински и одговорен начин на управување со јавните финансии обезбедени се финансиски средства за покачувањето на минималната плата на 12.000 денари, вратени се 3.9 милијарди денари по основ на ДДВ кон фирмите и стопанството, обезбедени се средства за покачување на пензиите согласно трошоците за живот, за решавање на проблемот со стечајците, за нови мерки за вработување на младите.

Граѓаните секојдневно ја гледаат и ја чувствуваат суштинската разлика. ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги цедеше парите на граѓаните, ги осиромашуваше и ги задолжуваше, додека владата на СДСМ ги намалува трошоците и парите ги враќа кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

ПРЕБАРАЈ