МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

Владата во моментов работи на законско решение со кое неправдите ќе бидат надминати. Ќе се обезбедат подобри услови за работа на рударите, предвремено пензионирање како и воспоставување на механизми за почитување на одредбите за безбедноста и здравјето при работа, велат од Министерството за труд и социјална политика.

МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

 

„Рударите долги години беа запоставени и на маргините на општеството. Во 2007 година власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги укина одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои им се скрати можноста за пензионирање на рударите само врз основа на пензиски стаж. Многу рудари во изминатите 10 години се соочуваа со неправдата да работат и над 55-годишна возраст иако во одреден период имале уплата на бенифициран стаж“, наведуваат од Министерството.

Министерството за труд и социјална политика им го честита 28 Август, Денот на рударите во Република Македонија, посакувајќи им професионален и личен успех.

 

ПРЕБАРАЈ