Домашните и странските инвеститори ќе може да добиваат помош во висина до 50 отсто од инвестицијата

Владата подготвува нов концепт за привлекување инвеститори, кој се очекува да биде презентиран во средината на септември, истакнал вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на бизнис-форумот во Ерусалим.

Домашните и странските инвеститори ќе може да добиваат помош во висина до 50 отсто од инвестицијата

 

Тој концепт, како што истакнал, ќе обезбеди транспарентност и еднаков третман на странските и на домашни инвеститори со што позитивно ќе влијае на економскиот развој на земјата.

„Освен основната поддршка, која подразбира ослободување на инвеститорите од даночни и од царински давачки за определен период, креираме и мерки за директна државна помош на инвеститорите, кои ќе бидат транспарентно објавени и подеднакво ќе важат и за домашните и за странските компании. Секој инвеститор ќе може да добие државна помош во висина до 50 отсто од инвестицијата, а ќе се стимулира отворање на работни места, особено работни места за високообразованиот кадар, кој сакаме да го задржиме во Македонија. Како особено важна ќе се земе предвид и соработката на странските со домашни компании“, изјавил Анѓушев.

Тој нагласил дека паралелно со процесот на привлекување на нови инвеститори, Владата посветено ќе работи и на изградба на современа инфраструктура, со која Македонија подобро ќе се поврзе со соседите, а компаниите ќе го подигнат нивото на конкурентност.

Извор: Мета.мк

ПРЕБАРАЈ