УЈП функционира по партиски директиви

Филип Ѓеоргиев од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини УЈП дека функционира по партиски директиви и ги дисциплинира внатрепартиските неистомисленици онака како што правеа самите пред да ја изгубат власта.

УЈП функционира по партиски директиви

 

„Недозволиво е во едно демократско општество носител на функција во една толку важна установа, како што е УЈП, да функционира по партиски директиви. Дали во страв од пораз на локалните избори Стефан Богоев на својата другарка Сања Лукаревска ѝ дава наредби за дисциплинирање на своите неистомисленици.

Сепак, тие учат од својот шеф Зоран Заев и практикуваат селективна правда и селективна употреба на законите. УЈП стана институција која за едни е мајка, а за други маќеа.

Прва задача на инспекциите е да укажуваат, а не да казнуваат, ветуваше Заев пред изборите, а сега го прави спротивното. Ова е типично за Заев, едно да зборува, а друго да прави. Тоа народот го вика лажење. Ова е очигледен показател за нивната дволичност. Кaко и за многу други работи, така и за ова покажаа дека безочно ги лажеа граѓаните.

Другарот Богац и другарката Лукаревска катанците на скопските локали ги направија секојдневна слика и успеаја да го замрат животот по скопските кафулиња. Инспекциите мора да работат во согласност со законите, а не со партиските директиви.

Но, ова нема да помине. Граѓаните се свесни дека СДС и неговите функционери ги партизираат сите пори на македонското општество и се служат со селективна правда. Казната за ова ќе следува на локалните избори на 15 октомври, а за секое работење спротивно на законите ќе следува и кривична одговорност“, порача Филип Ѓеоргиев.

 

ПРЕБАРАЈ