Светска банка ќе вшприца 350 милиони долари во проекти за Македонија

Владините министри денеска одржаа состанок со претставници на Светска банка.

Светска банка ќе вшприца 350 милиони долари во проекти за Македонија

 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференција изјави дека 350 милиони американски долари ќе бидат издвоени за поддршка за проекти за општинска инфраструктура, за патишта, за туризам и социјална заштита за маргинализираните заедници.

На прес-конференцијата не беа дозволени прашања, но по кусо време министерот се премисли и одговараше на новинарски прашања.

Тевдовски рече дека Министерството за финансии успеало да донесе стратегија за управување со јавни финансии и дека драфт-верзијата е објавена на веб-страницата на Владата.

Исто така, министерот најави формирање и фискален совет.

В.М.(Макфакс)

ПРЕБАРАЈ