Економијата на Македонија „замрзната“

Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намали за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016 година. Во поголем дел од овој период економијата остана „замрзната“: домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси немаше, проценува „Фајнанс тинк“ во најновата анализа.
Поради овој тренд „Фајнанс тинк“ ја ревидира надолу проекцијата за растот на БДП за годинава на 0.8 отсто, одразувајќи го ризикот околу брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Економијата на Македонија „замрзната“

 

Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенцијалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.(Макфакс)

 

ПРЕБАРАЈ