Страшни снимки од големиот пожар во скопско Кондово, жителите ги напуштаат домовите

Како што веќе објави Sky.mk вечерва голем пожар го зафати селото Кондово а пожарот е над општината Ѓорче Петров кај обиколницата.

Страшни снимки од големиот пожар во скопско Кондово, жителите ги напуштаат домовите

 

Според информациите во моментов десетина противпожарни возила и неколку десетици пожарникари се справуваат со огнената стихија која се ближи до првите куќи.

Дел од жителите се евакуираат, со оглед дека пожарот се шири кон првите куќи, а на тоа големо влијание има и ветрот.

Пожарот зафати голема површина на нискостеблеста шума.

 

видеото е ембидирано од Facebook, фото принтскрин/facebook

ПРЕБАРАЈ