ПАНИКА МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ, СЕ ВРШИ ЕВАКУАЦИЈА

Силниот пожар кој зафати нискостеблеста шума во Кондово се приближи до куќите, а пламените јазици голтаат се пред себе.

ПАНИКА МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ, СЕ ВРШИ ЕВАКУАЦИЈА

 

 Според порталот сакамдакажам.мк, кој цитира изјави на жители огнот зафатил и неколку куќи.

Инаку според информации на Sky.mk жителите вечерва се евакуираат од селото, во кое владее вистинска паника.

На местото забележливо е силно полициско присуство, но и возила на итната помош. 

На лице место се насочени десетици пожарникари со десетина возила кои се справуваат со огнената стихија.

Во акцијата не се вклучени канадерите имајќи ги во предвид лошите временски услови и силниот ветер кои дополнително ја помагаат огнената стихија да се прошири кон селото.

Повеќе на оваа тема:

 

ПРЕБАРАЈ