НЕМА МИР ВО ВИРЏИНИЈА: По нападот со автомобил во кој загина едно, а повредени се 17 лица, се сруши и полициски хеликоптер - има мртви!

Полициски хеликоптер кој ги надгледувал демонстрациите во Шарлотсвил, Вирџинија се срушил во шумско подрачје. Двајца загинаа соопшти полицијата.

НЕМА МИР ВО ВИРЏИНИЈА: По нападот со автомобил во кој загина едно, а повредени се 17 лица, се сруши и полициски хеликоптер - има мртви!

 

Во соопштението на полицијата се додава дека никој на тлото не е повреден, а причината се уште не е позната.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа облак од чад од голема далечина.

Да потсетиме дека денеска на демонстрациите во Шарлотсвил едно лице загина кога автомобил влета во насобраната толпа. Во инцидентот се повредени најмалку 19 луѓе.

„Полицијата е на терен. Пријавени се три инциденти со автомобили. Пријавени се повеќе повредени лица“, соопштила полицијата.

Властите во Вирџинија прогласија вонредна состојба по големите судири до кои дојде на собирот на националстите. Учесниците на протестот „Да ја обединиме десницата“ се противат на плановите на локалните власти од паркот во центарот на градот да ја отстранат статуата на Роберт Ли, командант во американската граѓанска војна и противник на укинувањето на ропството.

Набргу бил организиран и контрапротест.

Страв кај населението предизвика и тоа што во Вирџинија со закон е дозволено носење оружје на јавно место.

ПРЕБАРАЈ