Ирма удри на Флорида - веќе има мртви!

Најмалку три лица загинаа во налетот на ураганот Ирма на Флорида.

Ирма удри на Флорида - веќе има мртви!

 

Ураганот Ирма, кој е од четврта категорија, од вкупно пет, со себе донесе ветер кој дува со брзина од 130 километри на час. Пред ударот на ураганот, од Флорида се евакуирани околу 5 милиони луѓе, а најмалку 600.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија.

Пред да стигне до Флорида, Ирма ги опустоши Карибските Острови, каде загинаа 24 луѓе, и Куба.

Ирма досега е најсилниот ураган на Атлантикот.

 

ПРЕБАРАЈ