Јавна дебата за Предлог - Стратегијата за решавање на проблемите и потребите на младите од општина Ресен

Здружението за локален развој „Акција Плус“ – Ресен во рамките на проектот „Зголемување на младинскиот активизам во Ресен“, објавува повик за учество на јавна дебата за предлог - стратегијата за решавање на проблемите и потребите на младите од општина Ресен.

 

Предлог - стратегијата за решавање на проблемите и потребите на младите од општина Ресен се креираше во изминативе 2 месеци со активно учество на триесетина млади луѓе од општина Ресен.

Поради потребата и важноста на овој документ Ве повикуваме активно да се вклучите во јавната дебата и во збогатувањето на документот кој е од голема важност за младите од општина Ресен.

Јавната дебата ќе се одржи на 7 Април 2016 год. во канцеларијата на Здружението за локален развој Акција Плус Ресен на ул. Гоце Делчев бр.23 со почеток во 18 часот.

- Ги повикуваме сите заинтересирани млади луѓе од Ресен и Преспа да се пријават за учество или да поднесат свои предлози и сугестии секој работен ден од 10.00 до 15.30 часот во просториите на здружението, на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 078-625-966, велат од „Акција Плус“.