Презентација на проектните резултати од проектот „Зголемување на младинскиот активизам во Ресен“

Здружението за локален развој „Акција Плус“ – Ресен ќе организира промотивен настан за промоција на проекните резултати од проектот „Зголемување на младинскиот активизам во Ресен“ чија цел е да се поддржува и поттикнува младинскиот активизам и младинското учество во општествените текови и процесите на донесување одлуки во општина Ресен.

 

Воедно ќе ги промовира Предлог стратегија за решавање на проблемите и за остварување на потребите на младите од општина Ресен.( 2016 – 2018 година) и Акциски план за решавање на проблемите и остварување на потребите на младите од општина Ресен.( МАЈ 2016 – МАЈ 2017 )

Како последна активност е предвидено да се предатат на градоначалникот и советот на општина Ресен да се усвои како официјален документ на општината.

Презентацијата на проектните резултати ќе се одржи просториите канцеларија на Здружението за локален развој „Акција Плус“ – Ресен на ул. „Гоце Делчев“ бр. 23, Ресен, на ден 10Мај 2016г со почеток во 18:00 часот.

Проектот „Зголемување на младинскиот активизам во Ресен“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено oпштество - Македонија.