Ресенчани дел од акцијата „Македонија без отпад“

Во рамки на акцијата „Македонија без отпад“, која се спроведе во месноста Починалиште во близина на СОУ „Цар Самоил“ во Ресен се вклучија ученици од основните училишта и средношколскиот центар, вработените од локалната самоуправа, од Центарот за управување со кризи, од Јавното комунално претпријатие “Пролетер“ и граѓани од Ресен.

Повеќе...

Регионот Охрид - Преспа доби сертификат од унеско

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и министерот за животна средина на Албанија Лефтер Кока денеска во Корча, Република Албанија, ќе се обратат на инаугурацијата на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, каде ќе се изврши официјално предавање на сертификатот потпишан од страна на генералниот директор на УНЕСКО.

Повеќе...

Во Ресен одржана трибина „Илјада години од смртта на Цар Самоил“

Добро е што после илјада години од смртта на Цар Самоил неговата Преспа се сети на нашиот цар кој своето владеење го започна и го заврши токму во овој прекрасен крај. Досега постоеле многу приказни и истражувања за тоа каде е престолнината на Самоил. Јас тврдам дека тоа беше Преспа. Моите испитувања ги темелам на долгогодишната работа на мојата докторската дисертација, рече на денешната научна трибина по повод „Илјада години од смртта на Цар Самоил“ што се одржа во Ресен, професор Александар Атанасовски.

Повеќе...

Во Ресен пуштена во употреба автоматска агро-метеролошка мерна станица

Во ресенското село Покрвеник, беше пуштена во употреба  шестата по ред современа автоматска агро-метереолошка мерна станица, со чија помош преспанкото јаболко значително добива на квалитет, а животната средина – максимална еколошка заштита.

Повеќе...

ПРЕБАРАЈ