Локалната власт на општина Ресен нема интерес за решавање на потребите и проблемите на младите во Ресен

 

Локалната власт на општина Ресен нема интерес за решавање на потребите и проблемите на младите во Ресен

На 11.05.2016 Здружението за локален развој Акција Плус- Ресен, уредно достави барање до Советот на Општина Ресен, Предлог- Стратегијата за решавање на проблемите и за остварување на потребите на младите од општина Ресен (2016 – 2018) да биде ставена на дневен ред на 47-та седница на Советот закажана за 20.05.2016 (денес)со цел разгледување и прифаќање на истата.
Но, за жал барањето беше игнорирано и точката не беше ставена на дневен ред. Со наша интервенција, дел од советниците на општина Ресен предложија дополнување на дневниот ред и проширување со уште една точка(Предлог-стратегијата).
Со 5 гласови ЗА, 5 гласови Против и 2 Воздржани оваа точка не влезе на дневниот ред . Претседателот на Советот на Општина Ресен во своето образложение наведе „дека во рамките на општина Ресен постои Совет на Млади кој има мандат да предлага до Советот на општината одлуки, програми и други акти од значење за младите во општината и му предлага на Советот на општината да расправа за прашања кои се од значење за унапредување на положбата на младите и решавање на наведените прашања.
Но, за жал Советот на Млади на општина Ресен е нефункционален како што пишуваше и Радио Моф во еден нивни прилог http://www.radiomof.mk/akcija-plus-sovetot-na-mladi-na-opshtina-resen-e-nefunkcionalen/
Младите од Ресен и Преспа се несоодветно претставени и укажуваат дека ова води до младинско отсуство во креирање на политиките на локално ниво, слаба младинска информираност, но и недостиг на акции кои ќе го подобрат животот на младите.
Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека Советот на Млади на општина Ресен е основан во 2014 година и досега има одржано само една (конститутивната) седница каде што е избра но раководството. Челните луѓе на ова младинско тело редовно ги покануваме на сите наши активности, но за жал не се отповикале на нашите покани. Ова е уште еден доказ и аргумент плус за неодговорноста и немањето на желбата за соработка помеѓу Советот на Млади и граѓанските организации кои ги застапуваат младите во општина Ресен.
Соопштението што Ви го испраќаме е во функцијана подигнување на јавната свест и апел при изборот на наредниот состав на локалниот Совет на Млади, истиот да биде инклузивен и транспарентен, со цел да се креираат предуслови за активна соработка помеѓу членовите на советот на млади и граѓанските организации кои ги застапуваат младите од општина Ресен.
Овој состав на Советот на Млади на Општина Ресен нема да има доволно време, ниту предвидени финансиски средства, за креирање на нов и квалитетен документ кој ќе излезе во пресрет на потребите и проблемите кои ги имаат младите од општина Ресен. Уште еден аргумент е анкетата што ја спроведовме преку иницијативата „Вклучи се и ти!“ каде 90% од анкетираните млади не се запознаени дека во општина Ресен постои Совет на Млади и која е нејзината улога,што претставува дополнителен проблем.

ПРЕБАРАЈ