Учениците од „Гоце Делчев“ - Ресен со голем успех на натпреварот по Англиски јазик

По одржаниот училишен натпревар по Англиски јазик, учениците од ОУ „Гоце Делчев“, под менторство на Снежана Јанчевска беа избрани за регионален натпревар. На натпреварот учествуваа 11 ученици. Во Струга од нив за на државен натпревар се пласираа 9 ученици.

 

Во категорија до VII одделение, ученичката Теодора Карапалевска се пласираше помеѓу првите 8 најдобри. Ученичката Јовановска Марија го освои четвртото место во категоријата за VII одделение.

За осмо и деветто одделение прво место освои ученичката Евтимовска Јована.

Доделувањето на наградите и сертификатот беше одржано во просториите на Peace Corps (мировниот корпус) во Скопје.

Наградите им ги додели Амбасадорот на САД Г-дин Џес Бејли.

ПРЕБАРАЈ