СЕ ОТВОРА НОВИОТ ХОТЕЛ ПРЕТОР - ЌЕ БЛЕСНЕ НОВА УБАВИНА ПОКРАЈ ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Новиот Хотел Претор стартува со работа во Понеделник, 23 јуни, ексклузивно објавува PrespaSky.Com.

Хотелот Претор кој располага со 15 соби, 3 апартмани и капацитет за 64 гости во соби кои имаат сопствени ВЦ-иња, претставува вистински блесок во ПРЕСПА.

Ова ќе биде единствен ХОТЕЛ кој се наоѓа на источното крајбрежје од Преспанското Езеро.

Освен хотелското сместување, ХОТЕЛ ПРЕТОР ќе нуди и угостителски услуги во својот мега ресторан кој собира 200 до 250 луѓе, како и летната тераса пред хотелскиот комплекс.

Хотелот поседува сопствена кујна, која нуди прекрасни специјалитети на скара.

Хотелскиот комплекс нуди и специјална летна бавча, која значи возобнувавање на некогашната прекрасна летна бавча на Агроплод која се наоѓа во Претор.

Отворањето на целиот хотелски комплекс е закажано за овој понеделник (23.јуни) во 12 часот.

Во ресторанот на новиот прекрасен комплекс покрај Преспанското Езеро кој ќе располага и со сопствена плажа ќе може да се организираат и секакви видови свечености, свадби, крштевки, матурски и полуматурски прослави, семинари, настава во природа, секаков вид на екскурзии и тн...

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН:

047 480 003

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПОВЕЌЕ ЗА ЛОКАЦИЈАТА (ГУГЛ МАП), КОНТАКТ ПОДАТОЦИ И УСЛУГИТЕ НА ХОТЕЛ ПРЕТОР СО КЛИК ТУКА, ВО ВОДИЧ НА ПРЕСПА 

 

made with love from Joomla.it

ПРЕБАРАЈ