АВТО КАМП - ОТЕШЕВО


АВТОКАМП ОТЕШЕВО

 

 


Контакт и локација

Адреса Туристичка Населба Отешево
Телефони

070207259;  070865640;  070342309;  047529652 

 е-маил  autokamp.otesevo@ hotmail.com
 

 

За АВТО КАМП ОТЕШЕВО:

МЕСТОПОЛОЖБА И ЛОКАЦИЈА НА АВТОКАМПОТ

            Автокампот е лоциран  на западната страна на брегот на Преспанското Езеро, во увалата на подножјето на планината Галичицаа, на надморска височина од 855 метри, во Туристичката населба  Отешево.

            На источната страна Автокампот се протега на самиот брег на Преспсанското Езеро, а на западната страна во должина од околу 800м, гранични со патниот појас на Регионалниот пат Р-503 (Макази –Стење-граничен премин кон Р.Албанија).

            Автокампот е одалечен 17км  од градот Ресен, а околу 45 км е одалечен од двата соседни градови: Битола каде е поврзан со железницата, и Охрид преку кој се поврзува со аеродромот.

 

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ НА АВТОКАМПОТ

            Основна дејност  на Автокампот  е:

  • прием и сместување на гости во сопствените капацитети  вили-бунгалови, и  камп-приколки.
  • сместување на кампери со (сопствени) камп приколки и автоприколки, трајлери, шатори  и друг вид на камперско сместување,
  • давање на сите видови камперски услуги

 

КАПАЦИТЕТ И ОПРЕМЕНОСТ НА АВТОКАМПОТ

                  Автокампот располага со следниве капацитети:

  • 15 вили-бунгалови, сите опремени со посебно WCсо туш; мини кујна (со фрижидер, мини-шпорет и инвентар за кујната) и пространа тераса, и соба со три +1 лежај.
  • 3(три) јавни садоперални за миење садови за потребите на  камперите на Автокампот, со над 15 единечни места за миење садови;
  • 3(три) санитарни чворови, секој посебно опремен со по 8 (осум) WC кабини; по 2 писуари; и по 2 туш кабини;
  • над 250 локации (асфалтни  и тревнати) за кампирање на автоприколки, камп-приколки, трајлери и шатори, во вкупна површина од 4.800 м2.
  • продавница ( во близина) за прехрамбени продукти.
  • сопствена плажа пред самиот Автокамп.
  • посебен пристап и паркинг за чамци, глисери и др.
  • пречистителна станица за преработка на отпадните води.
  •  

 

ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

            Во близина на автокампот не постојат никакви загадувачи на воздухот и почвата, што го прават овој простор чист, незагаден, богат со озон, селен  и други природни благородни гасови кои здраствено благопријатно делуваат на животот и здравјето на луѓето, па од тие причини овој простор е наречен ,,воздушна бања,, или природни ,,бели дробови,, ,  и претставува природно лечиште за астма и други заболувања на белодробно-респираторниот систем.

            На ова подрачјето на Автокампот се осеќа продор на умерено топол воздух со медитерански карактеристики, што допринесува за благотрајни топли зими, и осетно свежи ноќи за време на летниот период.

            Заради  заштита и унапредување на животната средина имаме превземено повеќе мерки и активности и тоа:

  • Оградување на просторот на Автокампот со метални столбчина и поцинкована плетена мрежа,
  • Рационално управување со отпадот преку негово собирање, сортирање и транспорт на депонија во соработка со општинското комуналното претрпијатие.
  • Хортикултурно уредување на просторот на Автокампот, озеленување на целиот простор, засадување на украсни садници и повеќегодишни ружи, дрвореди и сенки на плажа, пред и околу  камперските единици-локации за кампирање и сл.
  • Рационално искористување на водата за пиење и одржување на хигиената во јавните санитарни и услужни објекти.
  • Преработка и прочистување на сите отпадни води во Пречистителната станица  за отпадни   води. 

 

 

made with love from Joomla.it

ПРЕБАРАЈ