Ограбени бензинска пумпа и обложувалница

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, ја ограбил бензинската пумпа лоцирана на улица Радишанска.

Ограбени бензинска пумпа и обложувалница

 

Како што соопшти полицијата, разбојникот ноќта кон среда со закана со пиштол од вработените одзело 33.600 денари, а потоа побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Во друг случај, било пријавено дека на бул.„Никола Карев“, во спортска обложувалница непознат сторител во вторникот вечер извршил разбојништво.

Сторителот со закана со физичка сила од вработената одзел непозната сума пари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

спонзориран линк:

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/483189-ograbeni-benzinska-pumpa-i-oblozhuvalnica

ПРЕБАРАЈ