Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички енерго центар во Битола за корисниците во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1000 м2 и е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.

Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

 

Соодветниот паркинг простор овозможува и полесен пристап до КЕЦ-от, а општите и специфични услови за работа на вработените се надградени. На свеченото отворање на присутните им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер .

- ЕВН Македонија постојано ги надградува услугите за своите корисници со што овозможи висок стандард во опслужувањето. Но и покрај модерните електронски услуги, постојат одредени услуги за кои нашите корисници сакаат да се обратат во КЕЦ-от, истакна г. Петер.

- Отворањето на новиот Кориснички енерго центар на ЕВН во Битола е дел од стратегијата за постојано унапредување на односите со корисниците. Ова е местото каде што секој корисник треба да се чувствува добредојден, додаде Петер.

Во последните седум години, ЕВН Македонија инвестираше близу 5 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Битола. Реконструирани или изградени се нови 50 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и мрежа во должина над 190 км.

ЕВН Македонија ќе продолжи со спроведување на мастер планот во кој значајни средства за нови инвестиции се одвоени за Битола и соседните локални заедници.

повеќе.. http://sky.mk/biznis/485082-nov-korisnichki-energo-centar-na-evn-makedonija-vo-bitola

ПРЕБАРАЈ