Без изненадувања на Македонската берза за хартии од вредност

Вкупниот промет во среда изнесуваше 4,5 милиони денари со вкупен број од 27 трансакции. Обврзниците беа отсутни од пазарот, за сметка на 12 акции кои беа во фокус на интересот на инвеститорите.

Без изненадувања на Македонската берза за хартии од вредност

 

Најголем промет остварија акцијата на Гранит (3,1 милиони денари) со истргувани 4701 лот по просечна цена од 680,00 денари преку 11 трансакции.

Поголема количина на акции се истргува со Адинг АД Скопје (666 лота) чија просечна цена изнесува 640,00 денари по акција.

МБИ10 забележа пад на вредноста од 0,58 отсто и го заврши денот на 2.235,69 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/biznis/485103-bez-iznenaduvanja-na-makedonskata-berza-za-hartii-od-vrednost

ПРЕБАРАЈ