Волстрит: Индексите ослабеа заради падот на цената на нафтата

Берзанските индекси на Волстрит во среда ослабеа, петти пат во последните шест трговски денови, што е последица на остриот пад на цените на нафтата и послабите од очекуваното деловни резултати на ИБМ.

Волстрит: Индексите ослабеа заради падот на цената на нафтата

 

Dow Jones ослабе 0,58 отсто 20.404 бодови, додека S&P 500 се лизна незначително на 2.338 поени.

Nasdaq индексот зајакна 0,23 отсто на 5.863 бодови.

Најмногу паднаа, 1,4 отсто, цените на акциите во енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата потонаа за повеќе од 3,5 отсто.

И на европските берзи се тргуваше внимателно.

Лондонски FTSE индексот се лизна 0,46 отсто, на 7.114 бодови, додека франкфуртски DAX зајакна 0,13 отсто на 12.016 поени, додека париски CAC 0,27 отсто, на 5.003 бодови./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/biznis/485110-volstrit-indeksite-oslabea-zaradi-padot-na-cenata-na-naftata

ПРЕБАРАЈ