Кока кола наоѓа пат до Северна Кореја

Во Северна Кореја расте побарувачката на Кока кола, а шишињата полнети во Кина сепак наоѓаат пат до ексклузивните продавници во Пјонгјанг, каде елитата и средната класа уживаат во освежителниот пијалок. Сепак во другите делови на земјата може да се најде само некоја имитација на Кока Кола.

Кока кола наоѓа пат до Северна Кореја

 

Северна Кореја и Куба се единствените држави во светот во кои компанијата Кока кола официјално не работи, поради санкциите воведени против двете земји. Кока кола може да се најде и во меѓународните хотели кои ги посетуваат жителите кои можат да си дозволат да платат високи цени, странски туристи и бизнисмени претежно од Кина./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/biznis/485127-koka-kola-naogja-pat-do-severna-koreja

ПРЕБАРАЈ