Гаврил Бубевски од СЈО: Апелациониот суд ги прифати незаконските снимки од „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство има различно искуство со третманот не незаконски снимените материјали во два судски предмета: „Шпион“ и “Насилството во Центар“, посочи денеска на стручна јавна расправа обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО .

Гаврил Бубевски од СЈО: Апелациониот суд ги прифати незаконските снимки од „Шпион“

 

Според него, во случајот “Шпион“, кадешто има правосудна пресуда, Апелациониот суд во Скопје ги прифатил снимките направени од еден од обвинетите како доказ во постапката.Акцентот го ставил на прибавувањето,а не на создавањето и се повикува на јавниот интерес и на принципот на сразмерност на доказите.

Во вториот случај,како што нагласи Бубевски, мкадешто во разговорот меѓу првообвинетиот и второобвинетиот има поттикнување на насилство, Кривичниот суд ги издвои овие докази и ја исклучи јавноста.

„Поднесовме жалба и сега чекаме да видиме како ќе одлучи и ќе се постави Апелациониот суд.Очекуваме дека Судот ќе постапи како во претходниот случај и да претежне јавниот интерес,бидејќи тоа е интерес на сите нас“, рече Бубевски./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/485255-gavril-bubevski-od-sjo-apelacioniot-sud-gi-prifati-nezakonskite-snimki-od-shpion

ПРЕБАРАЈ