Уапсен наставник кој киднапирал ученичка во САД

Во американската држава Тенеси уапсен е наставник обвинет дека киднапирал 15-годишна ученичка која по едно месечна потрага е пронајдена во северниот дел на Калифорнија. 50-годишниот наставник Тед Каминс пред еден месец исчезнал со тинејџерката Елизабет Томас, а бил уапсен во зафрлена област на границата со Орегон, по анонимен повик на полицијата. Според информациите од медиумите, тие двајцата биле на кампување.

Уапсен наставник кој киднапирал ученичка во САД

 

Каминс бил наставник во средно училиште во Тенеси, но добил отказ поради “недолично однесување“ со ученичка од првата година. Тој се соочува со обвинение за киднапирање и за сексуален акт со малолетно лице. Се терети и за тоа што го пренел малолетното девојче преку граница поради сексуален чин.

Доколу биде осуден, му се заканува најмалку 10 години затворска казна.

повеќе.. http://sky.mk/svet/485299-uapsen-nastavnik-koj-kidnapiral-uchenichka-vo-sad

ПРЕБАРАЈ