За 15 диазепами дилер на дрога оди затвор

Полицијата во неколку градови фатиле ситни дилери на дрога за што поднеле кривични пријави.

За 15 диазепами дилер на дрога оди затвор

 

На 20.04.2017 година во 08.15 часот во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, од страна на полициски службеници од ПС ОН Штип лишени од слобода се турските државјани Д.Б. (23) со престој во Р.Македонија до 05.10.2017 година, М.Д. (24) и О.Ј. (27), двајцата од Истанбул, Р.Турција. По Наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во дом и помошни простории каде како потстанар живее Д. Б.. Во СВР Штип извршени се разговори со турските државјани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПС ОН Прилеп поднесе кривична пријава против Е.Р. (28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот во својот дом чувал и препакувал марихуана која ја продавал на уживатели на опојни дроги. На 17.12.2016 година пријавениот на две лица од Прилеп пред неговиот дом им продал тревкаста материја за износ од 100 денари. Потоа на патот што води кон Затвор Прилеп лицата се забележани од страна на полициски службеници и при извршен личен преглед биле пронајдени и одземени 0,42 грама марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Б. (44) од с.Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.09.2016 година во Јавна здравствена установа – Психијатриска Болница Негорци, при извршена проверка на поштенска пратка, наменета за пријавениот, пронајдена е кутија во која имало зипер кесе исполнето со 4,06 грама марихуана и 15 таблети диазепам.

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/485304-za-15-diazepami-diler-na-droga-odi-zatvor

ПРЕБАРАЈ