Неделкова: Имаме креативни судски одлуки околу незаконски прибавените докази

„Не е точно дека македонските судови немаат искуство со незаконски прибавени докази, можеби не е богато, но постојат судски одлуки кои се многу креативни – изјави поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, на денешната стручна дебата организирана од Здружението за кривично право и криминологија и Центарот за стратегиски истражувања на тема: „Парадигмата на незаконските откази и плодовите на отровното дрво“.

Неделкова: Имаме креативни судски одлуки околу незаконски прибавените докази

 

„Улогата на судијата е во законскиот лавиринт да обезбеди фер постапка, но и правна употребливост на доказите“, оцени Неделкова и додаде дека постојниот член 12 од Законот за кривична постапка има сиромашна формулација околу законитоста.

Како примери од праксата со незаконски прибавени материјали таа ги посочи случајот со „Големото уво“ , но и случајот со дадилката која го тепала бебето што го чувала.

„Судот не го издвои доказот, а тоа беше снимката од камерата што ја достави таткото. Судијата имаше одлична аргументација зошто го прифатила доказот, а тоа е интересот на детето, јавниот интереси тоа што тоа бебе не може самото да сведочи и затоа таткото бил принуден да ги поткрепи своите сомневања со доказ“, рече Неделкова.

(крај,макфакс/г.д)

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/485301-nedelkova-imame-kreativni-sudski-odluki-okolu-nezakonski-pribavenite-dokazi

ПРЕБАРАЈ