Утре сончево и топло, а од недела очекувајте НЕВРЕМЕ!

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност особено на северот од земјата. Дневната температура ќе се движи од 19 до 29 степени.

Утре сончево и топло, а од недела очекувајте НЕВРЕМЕ!

 

Утре кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, особено на северот. Влажен бран со врнежи од дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе е проследен со внежите на повеќе места кои ќе бидат поројни и со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 степни.

Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период ќе е променливо, во попладневните делови од денот ќе има појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи.

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/489127-utre-sonchevo-i-toplo-a-od-nedela-ochekuvajte-nevreme

ПРЕБАРАЈ