ВОНРЕДНА: Чавков заминува од функцијата!

Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност нема да ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, туку одлучил да замине од оваа институција.

ВОНРЕДНА: Чавков заминува од функцијата!

 

Според АлсатМ,Чавков зел годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршува кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал личните работи од неговата канцеларија. Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратениците на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб..”(Макфакс)

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/489131-vonredna-chavkov-zaminuva-od-funkcijata

ПРЕБАРАЈ