ПРОМЕНИ ВО МВР - Фрчат суспензии за полицајци и функционери!

МВР суспендира нови 15 припадници, кои на 27 април не дејствувале професионално за време на нападите врз пратениците во Собранието. Меѓу нив е и помошник-министерот ангажиран за телекомуникации, кој ќе сноси одговорноста за нефунцкионирањето на тетра-системот за снимање на командите во главните управи во МВР, како што се УБК, Бирото за јавна безбедност и шесттата управа.

ПРОМЕНИ ВО МВР - Фрчат суспензии за полицајци и функционери!

 

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, неодамна за Алсат М најави целосна истрага зошто уште до 2014 година не работел т.н. тетра-систем за регистрација на командите.

 „Веднаш побарав увид и проценка дали се снимени сите команди што се дадени во тетра-системот. Повикав германски експерт којшто оцени дека два сервера не биле вклучени на апаратот за снимање и оти тој не функционира од 2014 година.“, изјави неодамна Агим Нухиу, министер за внатрешни работи. (Макфакс)

 

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/489144-promeni-vo-mvr-frchat-suspenzii-za-policajci-i-funkcioneri

ПРЕБАРАЈ