Нови пари во Македонија!

Банкноти од полимер во апоени од 10 и од 50 денари се очекува да се појават до крајот на годината. Народна банка на Електронскиот систем за јавни набавки објави оглас за печатење на апоените и затоа ќе плати 127 милиони денари без ДДВ или околу 2 милиони евра. Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Понудите може да се доставуваат до 24 јули. Станува збoр за печатење на 25 милиони парчиња во апоени од 10 денари и 15 милиони парчиња апоени од 50 денари. Вкупната вредност на новите апоени кои ќе бидат пуштени во оптег е милијарда денари.

Нови пари во Македонија!


Новите пари ќе бидат изработени од специјален полимер. Боите ќе бидат постојани на светлина и отпорни на влажност и други екстремни климатски услови, како и на хемикалии. Кај 10-денарката, во транспарентниот прозорец ќе биде прикажан фин стилизиран цртеж на паун, а вградена обоена слика ќе се влева во прозорецот со дел од детали од пердувите на опашката на паунот. Кај апоенот од 50 денари, во транспарентниот прозорец ќе биде прикажан фин стилизиран цртеж на рановизантиска монета, а вградена обоена слика ќе се влева во прозорецот со кругови коишто зрачат околу монетата.

В. Маглешов(Макфакс)

повеќе.. http://sky.mk/biznis/492012-novi-pari-vo-makedonija

ПРЕБАРАЈ