Планирате одмор во Грција? Еве колку пари ви требаат за кафе, гиро, сок... - ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ЦЕНИ!

Планирате да летувате во Грција и ве интересира колкави се цените на основните продукти? Тогаш оваа листа е вистинската за вас.

Планирате одмор во Грција? Еве колку пари ви требаат за кафе, гиро, сок... - ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ЦЕНИ!

 

Во Грција за леб ќе треба да издвоите од 60 до 80 центи, за млеко 1,2 до 1,6 евра, додека 6 јајца чинат околу едно евро.

Во оваа земја килограм бело месо чини околу 6.5 евра, литар сок се продава за 90 центи, а маслото 1,7 - 2 евра.

Големите маркети се можеби најдобар избор за купување, бидејќи има доста акциски понуди и цените се слични на оние во Скопје.

Ако одлучите да јадете нешто по пат, гиро или суфлаки можете да најдете за 2,5 до 4 евра, а за голема пица во некој од многубројните крајбрежни ресторани ќе треба да издвоите околу 7 евра. Кафето во истите локали чини од 3 до 5 евра.

Едно од омилените летни освежувања во вид на шопска салата би можело да ве чини: килограм краставица - 70 центи, килограм домат 1,5 евра, килограм фета од 5 до 8 евра.

повеќе.. http://sky.mk/biznis/492016-planirate-odmor-vo-grcija-eve-kolku-pari-vi-trebaat-za-kafe-giro-sok-ova-se-vistinskite-ceni

ПРЕБАРАЈ