(ВИДЕО) Димовски: „Не сакаме турканици“, Џафери: „Нема потреба да ви објаснувам“

По инцидентот што настана кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев побара да искористи процедурална забелешка, па потоа реплика, во негова одбрана застана пратеникот Илија Димовски.

 (ВИДЕО) Димовски: „Не сакаме турканици“, Џафери: „Нема потреба да ви објаснувам“

 

 

 

„Сакаме да имаме коректна дебата. Не сакаме турканици, а вие треба да внимавате кои механизми ги користите во вакви ситуации. Нема ништо спорно и деловнички Ѓорчев и кој било пратеник да се јави за збор кога сака. Тоа право не може никој да му го одземе“, објасни Димовски.

На ова реплицираше собранискиот претседател Тала Џафери, кој рече дека нема потреба никому да објаснува, но ќе каже збор-два за јавноста и публиката.

„Секој треба да слуша додека седи на место. Јас го повикав Ѓорчев за реплика на вашата процедурална забелешка, а тој излезе на говорницата и сакаше да искористи прво процедурална, па потоа реплика. Тоа не може така“, рече Џафери.

Собранискиот спикер појасни дека сите од мнозинтвото се согласни дека има потреба од расправа за депонијата во Струга.

К. Ландов(Макфакс)

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492048-video-dimovski-ne-sakame-turkanici-djaferi-nema-potreba-da-vi-objasnuvam

ПРЕБАРАЈ