Државна статистика измери пад на индустријата дома од 7,3%

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2017, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 7.3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 1.4%, објави Државниот завод за статистика.

Државна статистика измери пад на индустријата дома од 7,3%

 

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 24.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.2%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 11.0%, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 5.2%, трајни производи за широка потрошувачка за 3.2% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4%.

 (Макфакс)

повеќе.. http://sky.mk/biznis/492036-drzhavna-statistika-izmeri-pad-na-industrijata-doma-od-7-3

ПРЕБАРАЈ