Четкар ќе настапи на најголемиот џез фестивал во Тајланд

Владимир Четкар на 24 jуни ќе настапи на најпознатиот џез фестивал во Тајланд – Хуа Хин, каде е најавен како еден од главните артисти. Неговото гостување таму е проследено со големо внимание низ тамошните медиуми. Владимир на 22 јуни ќе одржи и прес- конференција во Бангкок.

 

Четкар на турнејата во Тајланд на сцената ќе биде придружуван од популарниот тајландски бенд Фанкшн.

На овој фестивал Четкар ќе се претстави со авторска музика, а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.(Макфакс)

повеќе.. http://sky.mk/kultura/492328-chetkar-kje-nastapi-na-najgolemiot-djez-festival-vo-tajland

ПРЕБАРАЈ