Познатиот пејач ги откажа концертите поради операција

Пејачот на бендот „Џамироквај“, Џеј Кеј, бил итно опериран на ‘рбетот поради што ги откажал сите свои настапи. Тој делумно е подвижен и не може да стане од креветот. Овој пат многу тешко му паднало тоа што морал да ги откаже концертите, па им се обратил на своите фанови преку социјалните мрежи.

Познатиот пејач ги откажа концертите поради операција

 

„Никогаш не сум се чувствувал толку фрустрирано како сега и очајнички сакам да се вратам во форма. По операцијата, делумно сум подвижен и знам дека не би можел да ви пружам супер шоу. 2017 беше многу тешка за мене, со губитокот на неколку блиски пријатели и поради неможноста да настапам на сцената онака како што тоа секогаш сум го и правел и на единствениот начин јшто го знам од својот прв настап од 17. година“, напишал во својата порака веднаш по будењето од анестезијата./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/exclusive/492368-poznatiot-pejach-gi-otkazha-koncertite-poradi-operacija

ПРЕБАРАЈ