Заев утре во Софија на средби со бугарскиот државен врв

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре и задутре ќе престојува во посета на Република Бугарија. Заев во Софија ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев.

Заев утре во Софија на средби со бугарскиот државен врв

 

Македонскиот премиер во повеќе наврати истакна дека од Софија очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Посетите на Брисел и на соседните земји, вели Заев, значат засилена активност со помош на пријателите од ЕУ и од соседите да се придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

И бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

По минатонеделната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, Борисов изјави дека посакува Македонија како соседна држава да биде стабилна.

– Затоа ја убедив канцеларката Меркел и другите дека треба да è дадеме шанса на новата Влада, изјави Борисов.

Покрај средбите со Борисов и Радев, предвидено е македонската владина делегација предводена од премиерот Заев во Софија да има и повеќе бизнис средби./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492376-zaev-utre-vo-sofija-na-sredbi-so-bugarskiot-drzhaven-vrv

ПРЕБАРАЈ