Koи се новите директори на УБК и БЈБ?

МВР на веб-страницата ги објави биографиите на Горан Николовски, новиот директор на УБК, и на директорот на БЈБ, Лазо Велковски.

Koи се новите директори на УБК и БЈБ?

 

Николовски во 1991 дипломира на Факултетот за безбедност. Од 1992 – 1997, е оперативен работник во УБК (поранешна ДБК), од 1997 , – 1998 е началник на Сектор во УБК. Една година од 1998 – 1999, е главен инспектор во УБК, а од 1999 до 2001 е главен инспектор по контраразузнавање. Две години, од 2001 – 2013, е началник на Секторот за контратероризам, а од 2013 – 2015, е началник на Оддел за контраразузнавање и од 2015 – 2017 помошник директор за контраразузнавање. Учествувал на конференции/ семинари /обуки од областа на контратероризмот и контраразузнавањето во земјата и странство.

Лазо Велковски, пак, директорот на БЈБ, дипломирал на Факултетот за Безбедност – дипломиран криминалист. Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 01.03.1991 год. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавање и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; Виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година, Во Агенцијата за Разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач… До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.

В. Маглешов/Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492381-koi-se-novite-direktori-na-ubk-i-bjb

ПРЕБАРАЈ