Седница на Влада: На дневен ред се реформските приоритети и напредокот во европската интеграција

Владата напладне ќе одржи тематска седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети.

Седница на Влада: На дневен ред се реформските приоритети и напредокот во европската интеграција

 

Како што соопштија од владината служба за односи со јавност, по тематската седница, со почеток во 13 часот, Владата ќе ја одржи својата седма седница.

„Согласно предлогот на дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и Статус на реализација на Рамковниот договор“, соопшти Владата.

На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492380-sednica-na-vlada-na-dneven-red-se-reformskite-prioriteti-i-napredokot-vo-evropskata-integracija

ПРЕБАРАЈ