Шекеринска: Владата има сериозен пристап кон реформите во Министерството за одбрана и АРМ

Билатералните одбранбени односи помеѓу Македонија и Полска се пример за соработка помеѓу две партнерски земји и треба да се направат напори тие дополнително да се развиваат, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски.

Шекеринска: Владата има сериозен пристап кон реформите во Министерството за одбрана и АРМ

 

Министерката Шекеринска на средбата го истакнала сериозниот пристап на Владата кон потребните реформи во Министерството и Армијата. Таа додала дека Македонија ја цени стратешката поддршка што ја добива од Полска за побрза интеграција на земјата во НАТО, со што регионот на Западниот Балкан ќе стане побезбеден и постабилен, што е од корист за сите земји на Балканот.

Во контекст на НАТО, амбасадорот Мултановски посочил дека Полска е долгогодишен сојузник на Македонија кој дава поддршка на политиката на отворени врати на НАТО и членството на нашата држава во Алијансата.

Амбасадорот Мултановски упати честитки за формирањето на новата влада и даде поддршка за нејзината посветеност на реформските приоритети со уверување дека тоа ќе го поттикне процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Полска беше една од првите три земји со која Македонија потпиша спогодба за соработка во одбраната, во далечната 1996 година. Во 2010 година спогодбата беше обновена користејќи го уставното име, Република Македонија. Соработката опфаќа активности во воено-техничката област, заеднички воени вежби, учеството на полски кадети и предавачи на Летниот кампус во Македонија и слично./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492383-shekerinska-vladata-ima-seriozen-pristap-kon-reformite-vo-ministerstvoto-za-odbrana-i-arm

ПРЕБАРАЈ