Шеќеринска на средба со амбасадорот Мултановски

Билатералните одбранбени односи помеѓу Македонија и Полска се пример за соработка помеѓу две партнерски земји и треба да се направат напори тие дополнително да се развиваат, заклучија на денешната средба министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и полскиот амбасадор Јацек Мултановски.

Шеќеринска на средба со амбасадорот Мултановски

 

Министерката Шеќеринска рече дека ја цени стратешката поддршка што ја добива од Полска за побрза интеграција на земјата во НАТО, со што регионот на Западниот Балкан ќе стане побезбеден и постабилен, што е од корист за сите земји.

Амбасадорот Мултановски упати честитки за формирањето на новата влада и даде поддршка за нејзината посветеност на реформските приоритети со уверување дека тоа ќе го поттикне процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој додаде дека интеграцијата на Македонија ќе помогне во воспоставувањето стабилност во регионот на Западниот Балкан.

„Во регионален контекст, Македонија може да биде видена како промотор на вредностите на Европската Унија и НАТО-Алијасната“, порача амбасадорот Мултановски.

Полска беше една од првите три земји со кои Македонија потпиша спогодба за соработка во одбраната, во далечната 1996 година. Во 2010 година спогодбата беше обновена користејќи го уставното име, Република Македонија. Соработката опфаќа активности во воено-техничката област, заеднички воени вежби, учеството на полски кадети и предавачи на Летниот кампус во Македонија и слично./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/492387-shekjerinska-na-sredba-so-ambasadorot-multanovski

ПРЕБАРАЈ