(ВИДЕО) Канадери и 150 војници се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Макарска

Канадери и 150 војници се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Макарска, кој веќе втор ден хрватските пожарникари се обидуваат да го стават под контрола.

(ВИДЕО) Канадери и 150 војници се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Макарска

 

Туристите кои беа евакуирани од три хотели во Тучепи на Макарската ривиера (Јадран, Нептун и Тамарис) се вратиле во хотелите обидувајќи се да им помогнат на пожарникарите да го изгаснат огнот што се шири, но биле предупредени веднаш да го напуштат местото. Како што јавуваат хрватските медиуми, и дел од селаните беа евакуирани во раните утрински часови поради пожарот што избувна во Горњи Тучепи. Околу 200 пожарникари успеаја да ги одбранат хотелите од огнот, јавија хрватските медиуми./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/svet/492389-video-kanaderi-i-150-vojnici-se-vkluchuvaat-vo-gasnenjeto-na-pozharot-vo-makarska

ПРЕБАРАЈ