Америка испрати суперсонични бомбардери на Корејскиот полуостров

САД испратиле два суперсонични бомбардери B1B на Корејскиот полуостров, соопштија јужнокорејски функционери.

Америка испрати суперсонични бомбардери на Корејскиот полуостров

 

Јужнокорејското Министерство за одбрана навело дека бомбардерите ќе изведат рутинска вежба со јужнокорејските борбени авиони.

Американската војска соопшти дека бомбардерите ќе извршат две одвоени вежби со јапонските и јужнокорејските воздушни сили, со цел да се демонстрира солидарност на тие земји и „одбрана против провокативните и дестабилизирачки акции на Пацификот“.

САД во Јужна Кореја и Јапонија има стационирано десетици илјади војници.

Овој денешен потег на САД следи кратко по смртта на американскиот студент кој пред неколку дена, а после 17 месеци, е ослободен од севернокорејски затвор.

повеќе.. http://sky.mk/svet/492514-amerika-isprati-supersonichni-bombarderi-na-korejskiot-poluostrov

ПРЕБАРАЈ