Република Српска дала половина милион евра помош за Младиќ и Караџиќ

Владата на Република Српска (РС) ќе додели 10.000 евра како еднократна парична помош за обвинетите кои се во притворот на Хашкиот трибунал, јавува БИРН.

Република Српска дала половина милион евра помош за Младиќ и Караџиќ

 

Еднократната помош се однесува на оваа година и ќе биде дадена на воениот претседател на РС, Радован Караџиќ кој во прва инстанца е осуден на 40 години затвор за геноцид во Сребреница, за тероризирање на граѓаните на Сараево, за истребување, за присилен трансфер и напади врз цивили и за земање заложници. На листата за помош е и поранешниот командант на војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, кој е обвинет за геноцид и воени злосторства во БиХ. Првостепената пресуда на Младиќ во Хашкиот трибунал треба да биде изречена во ноември оваа година.

“Оваа одлука на Владата на РС не е ништо ново и само потврдува дека политичкото раководство ги поддржува креаторите на геноцидот и на злото во Босна и Херцеговина”, рече претседателот на Здружението “Жените на Сребреница”, Хајра Катиќ.

“Тоа не е ништо ново. Владата на РС одамна им помага на семејствата на криминалците и на нив самите. Иако Судот утврди дека извршиле геноцид, политичките лидери на РС тоа не ги спречува да продолжат да издвојуваат пари за креаторите на геноцидот”, рече Катиќ.

Според истражувањето на БИРН до декември 2013 година Владата на РС им помогна на обвинетите за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал со околу половина милион евра. Парите се платени преку фондот “Помош” и јавно не се објавува колку средства се собираат и како тие се трошат./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/biznis/495162-republika-srpska-dala-polovina-milion-evra-pomosh-za-mladikj-i-karadjikj

ПРЕБАРАЈ