Промовиран проектот „Супер Скопје“ – викенд забави во август и септември

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го промовираше проектот наречен „Супер Скопје“ за организирање на забави на повеќе локации преку викендите во август и на почетокот на септември.

 

Трајановски најави дека за време на овие викенди, на локациите каде што ќе се одржуваат забавите, работното време ќе биде зголемено за еден час.

Тој истакна дека на 8 август, кога во Скопје ќе се одигра фудбалскиот УЕФА Супер куп, во градот ќе се одржат голем број на забавни и музички настани.

„Потоа на 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Програмата ја креираме во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите“ – рече Трајановски.

Градоначалникот појасни дека се разговара со повеќе музички изведувачи, а нивните имиња и датуми на настап ќе бидат соопштени кога ќе има потврда за тоа.

„Ги повикувам граѓаните и посетителите на Скопје да уживаат ова лето во одлична забава“ – рече Трајановски.

 

повеќе.. http://sky.mk/kultura/495385-promoviran-proektot-super-skopje-vikend-zabavi-vo-avgust-i-septemvri

ПРЕБАРАЈ