Либералната партија бара полицијата да казнува без оглед на статусот и функцијата

Либералната партија го поздрави зголемениот број полициски патроли што ги најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовскии ја повика полицијата од сега па натаму да казнува прекршители секојдневно и 24 часа, бидејќи тоа е нејзина работа, без да води сметка дали станува збор за министер, пратеник, директор или некоја друга функција или статус, а со цел да престане неказнетото гинење на скопските улици и патиштата низ Македонија.

Либералната партија бара полицијата да казнува без оглед на статусот и функцијата

 

„Исто така го повикуваме министерот Спасовски уште потемелно, побрзо и поефективно да го исчисти Министерството за внатрешни работи од непрофесионалците и партиските инсталации поставени од ВМРО-ДПМНЕ кои го претворија во партиски апарат кој својата кулминација ја доживеа на 27 април, кога овие полициски инсталации не ја послушаа наредбата од министерот Агим Нухиу за спречување на инцидентите во Собранието, туку напротив учесвуваа во обидот за ликвидирање на пратеници од новоформираното мнозинство во Собранието.

Неопходно е да се преземат такви мерки со што ќе се олесни средувањето на состојбите во обвинителствата и во судовите, а и враќањето на сите институции во системот утврден со Уставот и законите“, стои во реакцијата од Либералната партија./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/495440-liberalnata-partija-bara-policijata-da-kaznuva-bez-ogled-na-statusot-i-funkcijata

ПРЕБАРАЈ