Турците се жалат дека не се застапени во судскиот систем

Енес Ибрахим пратеник од Партијата за движење на Турците реагираше вчера на извештајот на Советот на јавни обвинители на Македонија според кој, како што оценува, Турците не се доволно застапени во судскиот систем на земјата.

Турците се жалат дека не се застапени во судскиот систем

 

„Според извештајот на Советот на јавните обвинители, од вкупно 198 јавни обвинители во земјата само тројца се Турци. Тоа значи дека Турците се застапени само со 1,5 отсто. Овие податоци кои произлегуваат од извештајот на Советот на јавните обвинители и потврдуваат дека тој, кој и онака ја има изгубено довербата на јавноста, ја игнорира турската заедница“, соопшти Ибрахим.

Според него, во градовите Гостивар, Дебар, Ресен, Кичево,Штип и Радовиш нема ниту еден Турчин обвинител иако има и кадри и потреба, а исто така и Советот на јавните обвинители нема член од турската заедница./извор:Макфакс

повеќе.. http://sky.mk/makedonija/495434-turcite-se-zhalat-deka-ne-se-zastapeni-vo-sudskiot-sistem

ПРЕБАРАЈ