СООПШТЕНИЕ БР. 5

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реоните на Јанковец, Езерени и Горно Дупени се создадоа услови за 100% силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост, во реонот на Покрвеник 90%, Крани 50%, Грнчари 30 %. Додека во реонот на Лавци има околу 20% услови за силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост.


Се препорачува во наредниве неколку дена штом дозволат временските услови, оние производители кои немаат третирано подолг временски период да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди
Препорачани активни материи:
• Активни материи наменети за сузбивање на краставоста: Дитианон, Додин, Фенаримол, Флусилазол, Фолпет, Хексаноксазол, Каптан, Крезоксим – метил, Метирам, Миклобутанил, Пириметанил + Флуквинконазол, Трифлоксистробин, Трифорин, Толилфлуанид + Тебуконазол, Ципродинил, Флуазинам, Пенконазол, Дифенконазол, Манкозеб и други.
Врз основа на податоците кои се добиени од феромонските мамци, во реонот на Крани е надминат економскиот праг од 5 – 7 пеперутки на јаболковиот црв во текот на една недела по феромон. И затоа се препорачува да се изврши третирање со соодветни инсектициди (наменети за сузбивање на јаболковиот црв) во периодот од два до три дена.
• За сузбивање на јаболковиот црв може да се користат инсектициди со следниве активни материи: Индоксакарб, Хлорантранилипроле, Метоксифенозид, Флубендиамид, Тау – Флувалинате, Имидаклоприд, Тиаклоприд, Тиометоксам, Хлорпирифос метил, Хлорпирифос етил, Диметоат, Спиносад, Дифлубензурон, Новалурон, Луфенурон, Bacillus thuringiensis.
Ресен,
10.05.2015
Здружение на овоштари “Благој А. Котларовски”
Служба за прогноза и сигнализација
М-р Ефтим Петковски
Контакт: тел. 078 – 389 – 897, e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПРЕБАРАЈ