Тракторите ќе се регистрираат на шест години, станиците ќе ги мерат издувните гасови

Со предлог-измените на законот за возила, ќе се зголеми ефикасноста на институциите, ќе се намалат трошоците на земјоделците за плаќање регистрација на тракторите, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се придонесе кон почиста животна средина.

 

Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким Назири, на денешната прес-конференција, на која информираше за предлог-измените на законот за возила.

– Ќе се намалат трошоците во делот на регистрација на тракторите. Досега се регистрираа секоја година, а со новите законски измени, земјоделците ќе бидат обврзани да ги регистрираат еднаш на шест години, а на секои две години се обврзани да прават технички преглед – истакна министерот Незири.

Во однос на зачувувањето на животната средина, техничките станици ќе мора да постават мерачи на издувните гасови на автомобилите и според тоа колку возилото ја загадува околината, ќе биде регистрирано или не. Досега, контролата се вршеше инцидентно, само во случај на сомнеж, а измерените податоци не се внесуваа во регистарот на возила. Сега записите од измерените вредности на мерењето на издувните гасови, се воведуваат како задолжителни документи при регистрација на возилото.

Со законските измени, Министерството за економија ќе ги лиценцира станиците кои поставуваат плински уреди, а кои досега тоа го правеа на диво.

Исто така, ќе биде пропишано техничките станици да прават минимум 10-минутен преглед на малите и 20-минутен преглед за поголемите автомобили, бидејќи, како што информираше министерот Незири, досега на една лента во една станица поминувале и до 150 возила во текот на едно работно време.

Мета

 

ПРЕБАРАЈ